20.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Министерот Оливер Спасовски – мета на обвинувања од Независниот полициски синдикат

Полицајци со средно образование стануваат началници. Во Министерството за внатрешни работи се вработуваат лица со усна наредба и без оглас. Со вакви обвинувања излегоа денеска од Независниот полициски синдикат и го повикаа министерот Оливер Спасовски да се огласи за ова, како што велат, безредие во министерството.

„Новиот министер назначува лица со наредби. Не се распишуваат огласи, не се огласуваат работните места за слободни, лично министерот си одбира луѓе кои што тој си ги назначува со наредба.За да биде уште полоша целата ситуација – лицата не исполнуваат услови. Немаат соодветно образование, со средна школа се назначуваат началници“, вели  Антонио Санев – независен синдикат на полицијата

Со претставки барале одговори од внатрешната контрола во министерството, но од таму се огласиле како ненадлежни.

„Јас сакам едно 5 минутно молчење да одржиме сите, зашто со ова се погребува МВР“, вели  Антонио Санев – независен синдикат на полицијата

Синдикалците се пожалија и дека се уште кубурат со опрема, а ги чекаат и ветените покачувања на платите.

„Вадиме полицајци на улица без соодветна униформа без соодветна опрема и без она што мора да биде слика и прилика за Македонија“, вели Гоце Делчев Тодев – независен синдикат на полицијата

На ваквите обвинувања се огласија од МВР – посочуваат дека  активно работат на подобрување на условите за полицијата и тврдат дека секој вработен во оваа институција е професионалец.

„Во министерство единствено простор им се отстапува на професионалците и добро обучени лица и нема простор за оние кои својата некомпетентност сакаат да ја скријат зад било каква организација“ – стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека проблемите во министерството се таложеле со години и тврдат дека се отворени за соработка со синдикалците, за заедничко спроведување на реформи и враќање на достоинството на оваа професија.

Извор: 24Вести

поврзани објави

Последни објави