23.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Топката “Телстар 18“ ќе ни прави многу проблеми: Голманите реагираат за Светското првенство

Новата топка “Телстар 18” која ќе биде официјална на Светското првенство во Русија синќа беше промовирана на натпреварот меѓу Германија и Шпанија во Дизелдорф.

Првите оценки се негативни, но тоа и не е нешто чудно бидејќи за секоја топка пред големите фудбалски натпреварувања мислењата се исти. Реина, Тер Штеген и Де Геа имаа можност први да ја почувствуваат.

„Обложена е со пластика и тешко е да се задржи. Мислам дека ќе имаме многу проблеми”, изјави Реина.

Истото го кажа и Де Геа кој не можеше да направи ништо по проектилот на Томас Милер за израмнување на резултатот.

“Топката можеше да биде и подобра, но веќе е готова и ние мораме да се навикнеме на неа. Се движи многу брзо и ќе ни треба повеќе напор за да ја скротиме”, додаде Тер Штеген.

Со новата топка ќе се играат последните контролни натпревари пред Мундијалот, како и сите дуели во Русија.

поврзани објави

Последни објави