Фудбалот е пасија, емоција, страст, љубов!
Па така, многу пати покрај љубовта, се одлучуваме и да заработиме некој денар повеќе, а во тие моменти навивањето предизвикува уште поголем стрес и неизвесност. Некои се обложуваат на малку, некои на многу пари, а други пак, на своите сопруги.
Таков е случајот со верниот навивач на Манчестер Сити кој бил убеден дека тимот на Пеп Гвардиола ќе го победи Јунајтед и дека на тој начин ќе ја освојат Премиерлигата. Сепак, французинот Пол Погба му ги поматил сметките на навивачот на Сити кој се обложил во својата сопруга.
– Ако Сити не ја освои титулата против Манчестер јунајтед, ветувам дека цела недела ќе му ја оставам мојата жена на располагање на својот другар Тони“, гласел облогот.
