21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Англичаните се присетуваат: Да го донесеше Челси по Џеко наместо Жиру

Босанскиот напаѓач Един Џеко зимото беше на чекор до Стемфорд Бриџ, но неговото останување во Рома се испостави како најдобар можен потег кој можел да го направи.

Со своите голови во Лига на шампиони Џеко и ги донесе сите пари кои Рома би ги заработила доколку би го продала (веројатно и повеќе), но и историски резултат и прв пласман во полуфинале од ЛШ во последните 30 години.

Дојде време англиските медиуми да се присетат за случувањата од јануари, па така Мирор во анализа од синоќешниот натпревар меѓу Рома и Барселона посебно го истакнува Един Џеко.

Фудбалските фановиво Англија имаа поделени мислења за Един Џеко во Манчестер Сити. Беше употреблив, но не и константен. Меѓутоа, во Рим го пронајде својот дом и последните три години постигнува голови почесто отколку што тоа го правеше во Премиерлигата. Со овие зборови започнува приказната на Мирор за Џеко под наслов “Враќањето на Един на врвот“, по што следи:

Челси се обиде да го донесе Џеко во јануари, но на крајот го донесе Жиру. Да го имаа Џеко, можеби се уште би биле во Лига на шампиони. Имаа толку прилики на тие натпревари, но немаше кој да постигне гол.

Инаку, Челси во осмина-финалето испадна токму од Барса со севкупен резултат од 4:1 (1:1, 3:0), во двомечот кој ќе се памти по тоа што фудбалерите на лондонскиот клуб пропуштија безброј прилики и дури четири пати го погодија оквирот на голот.

 

поврзани објави

     

Последни објави