10.8 C
Skopje
среда, ноември 19, 2025

Трансфер планот на Реал Мадрид: Перез го запозна Рамос со ситуацијата, четворица сигурно заминуваат!

Доколку не ја освојат Лигата на шампони трети пат по ред ова би се окарактеризирала како една од најнеуспешните сезони на Реал во последната деценија.

Како што и доаѓа крај на сезоната, Реал константно е на 15 поени зад Барселона во домашното првенство.

Клупскиот претседател Флорентино Перез тврди дека тоа нема да се случи и следната сезона. Спрема пишувањето на шпанскиот медиум Диарио Гол, Серхио рамос е известен дека Маркос Љоренте, Хесус Валехо, Борја Мајорал и Дани Селабос ги пакуваат своите куфери.

Се додава дека овие фудбалери не ги задоволуваат прописните критериуми и дека Реал мора да го реши овој проблем.

Денеска шпанските медиуми објавија дека Перез формирал амбициозна листа на желби од Премиерлигата

Спрема истата Реал ќе се обиде да го донесе Давид Де Геа, Еден Азар, Хери Кејн и Мохамед Салах.

Дефинитивно, ова ќе биде едно од најжешките лета кога станува збор за трансфер целите на клубовите, а Реал ќе биде еден од најактивните “муштерии“.

поврзани објави

Последни објави