Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, ја повика Европската унија да ја зајакне европската перспектива на Западен Балкан со цел да се избегнат војни во регионот.
Јункер за време на дебатата во Европскиот парламент истакна дека заканата од повторување на трагичните настани од 1990-тите во регионот, може да се избегне само со целосна интеграција на Балканот во европското семејство.
“Во 2003 година решивме да им дадеме веродостојни европски перспективи на земјите од Западен Балкан. Знам дека има пoтешкотии…Јас не сум наивен, знам дека е темата е тешка, знам дека државите од Западен Балкан мора да вложат напори и да покажат напредок во одредени области. Но, ако не ја отвориме европската перспектива кон овие земји на овој многу комплициран и трагичен регион,..можат да се вратат војните како во 90-те. Јас не сакам војната да се врати на Балканот “, изјави Жан Клод Јункер, претседател на Европската комисија