Европската комисија денеска предложи личните карти на граѓаните на ЕУ да содржат задолжително дигитални отпечатоци од прст како дел од борбата против фалсикуваните документи, користени од криминалци и екстермисти. Предлогот најверојатно ќе предизвика бурни реакции во држави како Германија, каде заштитата на личните податоци е особено важна поради историски причини.
Мерката не предвидува задолжително воведување на лични карти од државите членки, но државите, во кои ги има, ќе треба да вклучат два биометрични показатели – два отпечатоци од прст и фото од лицето на оној кој ја поседува.
Ново издадените карти нема да имаат рок на валидност повеќе од 10 години. Комисијата предложи и други мерки за безбедност како засилување на пристапот на властите до информации од електронски и банкови профили од една држава членка во друга.