-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хан: Македонија може да биде пример во регионот ако има конкретна имплементација на реформите

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека Владата на Република Македонија направила многу на неопходната легислатива, иако сега за истото е потребно спроведување.

Сметаме на вас, на вашата решителност. Ова е она што сега го чекаат земјите членки. Во таа смисла може да бидете пример за регионот ако има конкретна имплементација на реформите, вели Хан.

Во своето обраќање тој рече дека е импресиониран од она што го сработи Македонија во однос на реформските приоритети.

Она што смета  дека е најважно во моментов е да се дојде до фер договор меѓу Македонија и Грција за решавање на деценискиот спор за името.

Мислам дека е можно ова да се реши во блиска иднина. И кај двете страни на највисоко ниво има силна посветеност да се дојде до конечно решение, рече Хан.

 

поврзани објави

Последни објави