Глумецот и каскадер Јохан Офнер (28) загинал на снимање на спотот за хип-хоп бендот “Bliss n Eso”, откако бил застрелан во градите. Спотот е снимен во Бризбејн, а трагедијата се случила во барот кој што бил затворен за потребите на снимањето.
–„ Во текот на снимањето на една сцена користено е огнено оружје. Еден од глумците е погоден во градите и набрзо им подлегнал на повредите“- изјави надлежниот инспектор Том Армит не прецизирајќи со каков вид на огнено оружје е застрелан несреќниот глумец.
Членовите на бендот не биле присутни кога се случича трагедијата, но се огласија преку Фејсбук.
–„ Многу сме потресени од случувањата кој се случија денс на снимањето на спотот. Ние не бевме таму кога се случила несреќата. Навистина сме вознемирени и нашите молитви сега се со неговите најблиски.“- велат од бендот