3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Поради незнаењето и неспособноста на криминалниот картел на власт, РЕК Битола повеќе од 10 часа е нефункционална

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека поради незнаењето и неспособноста на криминалниот картел, РЕК Битола 10 часа е нефункционална

-Неспособноста и неодговорноста на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев излегува на површина. Повеќе од 10  часа РЕК Битола воопшто не е функционална. Единствениот активен, од трите  блока во РЕК Битола ноќеска испадна од мрежа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека е недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден.

-Незнаењето на картелот на власт во текот на вчерашниот ден предизвика и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата. Имено  поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола снабдувањето со јаглен било запрено. Криминалниот картел наречен СДСМ не знае да работи. Државата и граѓаните трпат директни загуби. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави