Во чест на Андрес Иниеста
Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид е на програмата наредниот викенд. Натпреварот ќе се одржи на Камп Ноу, а веројатно Ел Класико нема да биде толку возбудливо како што е вообичаено бидеќи Барса има шанса уште утре да ја осигура титулата во Шпанија.
Барселона му гостува на отпишаниот Депортиво во Ла Коруња а на екипата на Ернесто Валверде и е потребен само бод за математички да ја освојат титулата. Иако е обичај во Шпанија да се направи шпалир за шампионот од кралскиот клуб посочија дека тоа нема да се случи на Камп Ноу.
Зинадин Зидан веднаш порача дека неговите фудбалери нема да и аплаудираат на Барса на освојувањето на титулата. Меѓутоа, по се изгледа тој став ќе се промени, но не поради титулата, туку во чест на Андрес Иниеста.
Иниеста вчера потврди дека ова му е последна сезона во каталонскиот клуб, а од наредната веројатно ќе игра во далечната Кина. Спрема пишувањата на шпанските медиуми поедини фудбалери во Реал му порачале на Зидан дека сакаат да направат шпалир во чест на Иниеста бидејќи тој тоа го заслужил.