ѓФудбалерите на Ливерпул ги разочараа своите навивачи во саботата одигрувајќи само 0:0 на “Енфилд“ против послабиот Стоук кој грчевито се бори за опстанок. Мохамед Салах се најде под додатен притисок и не поентираше, иако имаше неколку добри прилики.
ФА го истражуваше инцидентот кој го предизвика брзоногиот играч, а му се закануваше суспензија од три натпревари поради непримерна реакција. Ливерпул така може да остане без Салах до крајот во Премиер лигата, откако камерите го фатија како го удара играчот Бруно Мартинса Индија, а сето тоа се надоврзува на веста дека Клоп останува без својот најдобар фудбалер барем до крајот на сезоната.