Португалскиот стратег има посебен однос со Есиен
Жозе Мурињо со само неколкумина од своите бивши играчи има добар однос, додека со повеќемина “во деловен однос“.
Мурињо на светот му се претстави како тренер од Порто со кој дојде на тронот на Европа, а потоа се одлучи да се проба во Челси. Португалецот на овој клуб му донесе титулата во првата сезона, а единствено изостана титулата од ЛШ.
Ретки се играчите кои можат да се пофалат дека се во добри односи со Мурињо бидејќи е познат дека сака само чист деловен однос. Сепак, некогашниот играч на Челси Мајкл Есиен за Мурињо е нешто посебно.
“Есиен не е само мој играч, тој е мој син. Јас сам неговиот “бел татко“. Тој е веројатно еден од играчите кој ме однел во својот дом, во оној вистинскиот каде што е роден. Бев на улицата каде како младо момче играл фудбал и за мене тоа е нешто посебно. Поради него се заљубив во Гана и местото каде што тој некаде живеел“, рече Мурињо.