5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Познато во чии раце заврши последниот „Ел Класико“ дрес на Иниеста (Фото)

Зинедин Зидан покажа огромна класа по крајот на вчерашното „Ел Класико“ дерби бидејќи го чекаше Андрес Иниеста цели пет минути за лично да му честита за сето она што го оствари во дресот на Барселона, гест кој наиде на огромен поздрав од целокупната шпанска спортска јавност.

Големото дерби донесе доста кошкања, препирки и контроверзни судиски одлуки, но сепак кога Ернандез означи крај на натпреварот, голем дел од шпанските колеги си честитаа на теренот и се прегрнаа по „војната“ која ја водеа во сите 90 минути. Сцениот по крајот на мечот оставија добра слика од „Ел Класико“ пресметката, а ова попладне стана познато и во чии раце завршил последниот дрес на Иниеста од големите дуели меѓу ривалите.

Серхио Рамос се пофали дека го добил последниот „Ел Класико“ дрес од Дон Андрес, човекот кој многу го почитува и за кого пред извесно време истакна дека доколку се викаше Андресињо ќе освоел две „Златни топки“.

– За мојот соиграч Серхио, за многуте заеднички моменти и останатите како ривали. Ти благодарам и многу среќа, – гласи пораката која му ја напишал Иниеста на дресот, а за што денес Рамос му возврати на социјалните мрежи.

– Покрај она што се случуваше на теренот, вчерашниот меч ќе остане запаметен како „Ел Класико“ на Андрес Иниеста, едно вистинско „Ел Класико“. Многу ќе недостасуваше пријателу,- гласи пораката на капитенот на Реал.

поврзани објави

Последни објави