Поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков негира дека денеска во судница му се извинил на Љубе Бошкоски. Поздравувањето било од бон – тон, а причина Мијалков да му се извини на Брат Љубе не постоела бидејќи тој бил осуден за криминалот кој го сторил. Инаку Љубе Бошкоски преку писмо од затвор во 2011 година му се извини на Мијалков за обвинувања кои лидерот на Обединети за Македонија ги искажуваше на митинзите на неговата партија.