На покана на меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Словенија денес предавање во Љубљана ќе одржи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на темата улогата на евроатлантските интеграции во обезбедување на економски развој и политичка стабилност во југоисточна Европа.
Како што најавуваат од институтот проф- др Мицкоски се очекува да се осврне на темата за важноста на европските интеграции но и обезбедувањето на економска стабилност на државите на балканот што во суштина е и иднината на целиот регион.
За време на посетата во Словенија, Мицкоски ќе присуствува и на коференцијата на Словенечката демократска партија на Јанес Јанша каде освен средба со Јанша се очекува да има и обраќање на истата.
Потоа ќе ја посети и македонската дијаспора во Италија, поточно градот Канели каде се планирани повеќе средби.