Заев даде скандалозна изјава, кажувајќи и најавувајќи каква пресуда следува токму по овој случај за кој што денеска сме овде, а тоа е набавката на блендираното возило. Тој во изјавата укажува, порачува до неговите симпатизери дека наскоро доаѓа правдата и пресудата за процесот наречен „Тенк“ и имплицитно кажувајќи дека гласините кои претходно постоеле дека тој со судот договорил каква да биде пресудата стануваат се пореални.
Во изминатите недели и месеци постоеа гласини во различни портали и медиуми во кои се тврдеше дека Заев направил одреден договор со главниот судија на процесот, г-ѓата Добрила Кацарска, дека тој нејзе ќе и овозможи таа да напредува во судија на апелационен суд и веднаш потоа претседател на апелациониот суд, а за возврат тој да биде прогласен за невин во процесот „Поткуп“, каде има докази со ПИМ мерки, и уште една работа јас да бидам прогласен за виновен за случајот за кој што станува збор, рече Груевски.