Атлетико Мадрид изминатава вечер направи шампионската фешта пред фонтата „Нептуно“ (место каде редовно ги прославува успесите), а како што можеше да се очекува, главна ѕвезда на вечерта беше Фернандо Торес кој за првпат во својата кариера освои еден трофеј со клубот кој најмногу му значи.
За да биде приказната уште поубава, Торес тоа го направи при својата последна сезона во дресот на Атлетико, а колку многу му значеше трофејот во Лига Европа, а пред се емоциите кои ги доживеа пред фановите на клубот, најдобро ни опишува говорот кој го имаше.
Популарниот „Ел Нињо“ многу ретко сме го гледале во издание емотивно да попушти, но изминатава вечер се расплака како никогаш претходно.
– Пред 22 години јас бев тука, бев дете од 11 години и дојдов да ја гледам шампионската прослава на Атлетико од генерацијата 96. Гледав како ја подигнуваат титулата и сонував еден ден да бидам тука, – започна Торес кој емотивно попушти и со растреперен глас продолжи.
– Помина многу време и освоив многу работи, но без никаков сомнеж, ова чувство е најдобро. За сите деца кои имаат свои сонови, ова е доказ дека ништо не е невозмжно, а ако си дел од Атлетико, уште помалку. Форца Атлети, – порача расплаканиот Торес.
"Nada es imposible, y si eres del Atlético, menos". @Torres, llorando como un 'Niño', en un momento que nunca olvidará, que nunca se repetirá pic.twitter.com/bxB9TXi1Rh
— MARCA (@marca) May 18, 2018
Извор: Дерби.мк