4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот и на уставното име!

Зоран Заев и Никола Димитров прифатиле решение кое пред малку ви беше соопштено. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кој што беше повторен во минатото, нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име. Целокупниот процес се водеше во тајност, беа загрозувани националните и државните позиции на Македонија. Патот до целта е јасен – влез во ЕУ и НАТО, но очигледно траекторијата е различна. ВМРО-ДПМНЕ ќе повторам нема да прифати промена на Устав, со цел промена на името, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Денеска за прв пат бевме информирани за предлогот кој го прифатиле Заев и Димитров.

поврзани објави

Последни објави