Актерот Тони Михајлоски со Фејсбук статус се прости од скопската легенда Зеко, кој почина вчера.
Го пренесуваме неговиот статус:
Беше тоа 91/92 мислам. Тројца менаџери го зедоа да го “работат” диското Силекс. Најпознатите и најдобрите менаџери у тој момент у Скопје. Јас бев келнер. Една вечер при раздужуење газдата на дискотеката приметува дека има, кај еден од менаџерите,расход 4 штеки Марлборо.
-Како бе друже расход 4 штеки?
– Како? Не примети дека едната машина за дим не работи?
-Приметив.
-А дим имаше?
Имаше.
-Епа јас и кумановецов цела вечер со по четири цигари у уста правиме дим за добра атмосфера, ебате тоа кратовскиот сељак.
Почивај во мир и знам дека ќе има смеа таму на небото Зеко.