Зинедин Зидан одлучи да го поштеди Кејлор Навас на вчерашниот меч со Вилјареал, но сосема неочекувано, наместо Кико Касилја, на голот на Реал Мадрид се најде синот на феноменалниот француски стручњак, Лука Зидан.
Ваквата одлука на Зизу брзо предизвика и негативен набој меѓу дел од фановите на клубот и голема дебата меѓу дел од шпанските медиуми, бидејќи многумина го сфатија ваквиот потег како непрофесионален од страна на тренерот кој одлучи да му овозможи деби на својот син на официјален меч за Реал Мадрид.
Оваа тема беше актуелна и по натпреварот со Вилјареал кој заврши 2:2, па така Зидан мораше да објаснува на што се должи ваквиот негов потег.
– Недостасуваше уште тој да заигра оваа сезона. Тој беше единствениот кој не дебитираше. Лука е дел од тимот и сега заигра за првиот тим. Добро го направи тоа, се радувам за неговото деби. Тој е играч повеќе и го третирам како играл. Остана уште тој да добие шанса за деби и затоа играше. Ова е важен ден за него, но и за неговиот тренер. Кога ќе дојдеме дома, ќе видиме дали ќе биде и за неговиот татко, – низ смеа истакнал Зидан.
Извор: Дерби.мк