Поранешниот англиски репрезентативец Мајкал Овен кој своевремено играше и за Реал Мадрид и за Ливерпул, ја даде својата прогноза за финалето од ЛШ.
„Ќе се сретнат два различни стила. Ливерпул игра добро против големите и сака да ја држи топката во напад, мислам дека ќе биде одлично финале со многу голови. Реал е фаворит и секогаш победува она што мора. Веќе и претходно реков, но повторно ќе повторам, Мадриѓани повторно ќе ја освојат ЛШ“, изјави Овен.
Овој фудбалер во Ливерпул мина осум сезони и даде 158 гола, а во 2004 година замина во Реал каде се задржа кратко.