Ќе се разбудите од сонот, реалноста е поразителна. Прошетајте по трговските центри, ќе видите празни дуќани, ќе видите дека работодавачите се жалат, прошетајте по тезгите кои скапуваат на пазарите. Ова не е животот кој требаше да го донесете, за жал вие не успевате да го исполните тој сон, но кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт ќе го исполни тој сон веднаш кога ќе се врати на власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ дуел.
На ова, премиерот Заев рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не краделе онолку колку што краделе во изминатите 11 години, тогаш Македонија сега многу полесно би се справувала со проблемите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека суштината е дека Македонија е шампион во Европа, по криминал и корупција и по дното на економијата.
– Христијан Мицкоски донесе инвестиции во енергитика, нешто што вие оваа година не успеавте ниту да го искречите. Јас како професор ги убедив странците да инвестираат во Македонија. Не бев од позиција од градоначалник за да распродавам парцели. Отидов надвор, и ги донесов тука, да инвестираат. Дел од моите пари не ги вложив во насади на марихуана, туку во енергитиката. Јас вложив во енергитиката пред да влезам во политиката, рече Мицкоски.