Манчестер Јунајтед ќе има поголеми амбиции следната сезона, а фановите очекуваат трофеи од тимот предводен од Жозе Мурињо.
Португалскиот менаџер ќе мора повторно да потроши поголема сума за да го надгради квалитетот, а англиските медиуми ги открија и неговите најголеми желби, барем за почетокот на преодниот рок.
Првата желба е Бразилецот Фред кој ќе настапува на СП во Русија, а за кој Јунајтед веќе преговара со Шахтјор и се претпоставува дека има позитивен одговор од самиот фудбалер.
Списокот продолжува со Вилијан, ситуација која може да биде реприза со трансферот на Немања Матиќ од Челси. Иако бразилскиот фудбалер е расположен да се пресели на „Олд Трафорд“, Мурињо не е оптимист дека Челси ќе ја дозволи истата грешка како со Матиќ, без разлика дали Конте ќе остане на функцијата.
Триото е заокружено со Тоби Алдервајрелд, дефанзивецот на Тотенхем кој добил високи оцени од Мурињо, а би требало овој трансфер да биде најлесен за реализација бидејќи Белгиецот одби да потпише нов договор.
Извор: Дерби.мк