Луис Назарио Де Лима Роналдо е вистински амбасадор на Реал Мадрид и од сите страни на светот се обидува да потенцира колку големо влијание врз неговата кариерата имала етапата на „Сантијаго Бернабеу“, па затоа, веќе извесно време легендарниот Бразилец важи за човек кој постојано ги брани интересите на „кралскиот клуб“.
Во своето последно гостување во специјализираната емисија на радиото „Кадена Копе“, популарниот „Ил Феномено“ доби за задача да направи своја најава за големото финале во Лигата на шампионите кое утре се игра во Киев, а иако самиот вели дека не очекувал Реал да стигне толку далеку со оглед на променливите игри кои ги прикажуваше, сега типува на својот омилен тим прогнозирајќи точен резултат.
– Сега сум многу голем оптимист. Имав одредени сомнежи во текот на сезоната, но како и секогаш, Реал се сплотува кога најмногу треба и го остварува тоа што го има зацртано. Веќе направија историја со тоа што се пласираа во финалето трета година по ред. Ако победа, тоа ќе биде нешто историски, нешто неверојатно. Ќе биде многу тешко во финалето, Ливерпул заслужено ја елиминираше Рома. Реал има огромен калитет и ќе мора да го играме нашиот најдобар фудбал. Ќе биде многу тесно, но очекувам финале со доста голови. Станува збор за два фудбалски гиганти, ги имаме сите предуслови за да гледаме спектакуларно финале. Типувам на 3:2 за Реал Мадрид, – вели Бразилецот.