Здружението Македонско-Бугарско пријателсто- МБП Скопје, по официјална покана од Министерството за образование на Република Бугарија и Државната агенција за Бугарите во странство зеде учество во прославата на 24 мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј и сесловенската писменост, што се одржа вчера во Софија. Во духот на добрососедските односи на Република Македонија и Република Бугарија по покана на МБП-Скопје беа гости и деца од таеквондо клуб „Кобра-Скопје“, предводени од тренерот Катерина Михајлова. На манифестацијата во Софија учествуваа повеќе од 150 деца од сите словенски држави. Децата од Македонија пристигнаа ден порано во Софија, во програмата на настанот беше вклучена посета и запознавање со повеќе културно-историски места во Софија, покажани од туристички водич. Погледнете ја галеријата од случувањето:
Повеќе на – Трибуна.мк – ОВДЕ