3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Николоски: Македонската економија е во слободен пад!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил објавува дека македонската економија е во слободен пад!

Го пренесуваме статусот на Николоски: 

Владата е толку неспособна што неможе ни да ги потроши парите што сама ги собира. Неможе да го реализира буџетот, односно најбитниот дел, капиталните инвестиции кои се главен двигател на секоја мала економија како што е нашата. Тоа е резултат на неспособноста и работа само од 10 до 14 часот за министрите и работа од 12 до 14 часот за директорите.

Од јануари до април годинава се реализирани само 11 проценти од капиталните инвестиции планирани за целата година, што е најниско ниво во изминатата деценија. Тоа може да го доведе во прашање и планираниот економски раст. Во првите четири месеци од оваа година има рекордно ниска реализација на капитални инвестиции во изминатата деценија. Според податоците од Министерството за финансии, од јануари до април годинава реализирани се капитални инвестиции од 43 милиони евра, што е само 11 отсто од планиранте 393 милиони евра за до крајот на годинава. Ако продолжи со ова темпо, до крајот на годинава нема да се искористат ниту половина од планираните пари.

За споредба, во истиот период минатата година имало 104 милиони евра капитални инвестиции, што е 27 проценти од планираните за цела година. Слична е ситуацијата и во претходните годин, капиталните инвестиции во првите четири месеци се движат околу 90 до 100 милиони евра, а реализацијата меѓу 25 и 30 проценти.

Во првата половина од оваа година можеби сето ова нема да го почуствуваат граѓаните дирекно на нивниот џеб, затоа што сеуште има залихи од добрите економски години на ВМРО ДПМНЕ, но во втората половина од годинава некаде од септември ќе го почуствуваат затоа што зимнициа ќе нема, ќе нема што да се троши.

поврзани објави

Последни објави