1.8 C
Skopje
понеделник, февруари 2, 2026

По влошената здравствена состојба Тошта замина дома, доби куќен притвор

Мерката е донесена по два дена откако на последното рочиште од судењето за нападот на Села, на Тошта му се слоши и падна на подот во судницата, по што со возило на итна  помош беше однесен во Градската болница 8 Септември. Оттаму по неколкучасовните прегледи повторно со амбулантно возило беше вратен во Шутка, а неговата одбрана реагираше дека нема услови во затворот за неговиот клиент кој е со влошено здравје.

На судењето обвинителот направи измени на обивнението, но за Тошта остана истото кривично дело убиство во обид на Села, по што се изнервира и рече дека го гонат за убиство затоа што е основач на ВМРО. Врз основа на последната снимка обвинителот го ослободи од обвинение Сашо Сенков а за Стојан Павлески и Цејо Георгиевски го преиначи обвинението од обид за убиство во насилство.

поврзани објави

Последни објави