Политичкиот аналитичар Агим Јонуз го напушти синоќешното издание на „Само вистина“ на Канал 5, каде гостуваше со Филип Петровски.
-За мене велат дека сум самобендисан, ама претпоставувам се возбудуваш и ти во огледало кога се гледаш – му кажа Јонуз на соговорникот, на што Петровски реагираше со зборовите „Вие сте попиле малку пред емисија“.
Водителката се обиде да ја смири ситуацијата, но Јонуз го остави микрофонот и си замина, при што му рече на Петровски: „Ти си мочко за мене“.