Се огласи после две недели
Мохамед Салах оваа сезона го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри во дресот на Ливерпул со кој стигна до финале во ЛШ.
Ливерпул во финалето во Киев се поразени од Реал Мадрид со 3:1, а Салах од игра излезе во 30 минута поради повреда. Египќанинот во дуел со Рамос го повреди рамото по што не можеше да го продолжи мечот.
Многу го обвинуваа Рамос дека намерно го повредил Рамос што на крајот го обележа овој дуел. Рамос после натпреварот изјави дека тоа е обичен дуел и дека му пратил порака на Салах дека му е жал што се повредил пред самиот крај на сезоната и почеток на Светско првенство.
После две недели се огласи и Салах:
– Тоа беше најлошиот момент од мојата кариера. Вистина е дека тој ми прати порака во која ми посака побрзо опоравување и објасни дека немал намера да ме повреди, но никогаш не му реков дека е во ред тоа што го направи. Кога паднав на терен почувствував голема болка и веднаш се загрижив. Исто така, имаше и бес и тага поради тоа што не успеав да играм на најважниот меч од сезоната. Тогаш во наредниот момент и поминаа мисли во глава дека можеби нема да можам да играм на Мундијалот и тоа ме уништи. Сега сум подобро, се надевам дека ќе играм натпревар против Уругвај, но тоа ќе зависи од тоа како јас лично ќе се чувствувам“, рече Салах.