4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Икарди повторно изоставен: Сампаоли потврди кој ќе патува на СП на местото на Ланцини

Репрезентацијата на Аргентирана се соочи со големи проблеми откако на вчерашниот тренинг, фудбалерот на Вест Хем, Мануел Ланцини се здоби со повреда на коленото.

Со оглед на тоа дека фудбалерот во солзи го напушти тренингот на репрезентацијата, веднаш стана јасно дека се работи за сериозна повреда. Од таборот на Аргентина веднаш потврдија дека Ланцини ги повредил лигаментите на коленото,  поради што ќе го пропушти и Мундијалот во Русија.

Селекторот на репрезентацијата Хорхе Сампаоли мораше брзо да интервенира, со цел да пронајде замена за својот офанзивец.

Иако многумина веруваа дека Мауро Икарди конечно ќе се пронајде во списокот за Светското првенство, тоа сепак не се случи.

Имено, Сампаоли денес потврди дека во авионот за Русија место ќе добие 32-годишниот Енцо Перез, кој е член на Ривер Плејт. Перез за репрезентацијата има одиграно 21 натпревар и постигнато само еден погодок.

поврзани објави

Последни објави