Пет дена останаа до Светското првенство, а репрезентациите полека пристигнуваат во Русија.
Први во Русија пристигнаа Иранците, а денес и авионот на Португалската репрезентација допатува во земјата во која ќе се одржи Мундијалот.
Првото име и главната ѕвезда на репрезентацијата Кристијано Роналдо привлече најголемо внимание, а во Русија го дочекаа и неколку млади навивачи во неговиот дрес.
Роналдо беше доста љубезен, ги прегрна децата а потоа им даде и авторам на предната страна на дресот.
Подоцна CR 7 му подари поклон на едно дете, имаше и солзи, а мајката на детето кратко изјави: Рафаел Агустињо ја обожава Португалија и Роналдо и е многу среќен. Тој доби автограм од Кристијано и сега плаче, вели среќната мајка.
That’s why he’s the best in the world. 🏆🇵🇹
God bless you, @Cristiano! ❤️🙏🏻 pic.twitter.com/5XNh1JDDRB
— Cristiano Ronaldo News (@CRonaldoNews) June 9, 2018
Cristiano has arrived in Russia 😎 pic.twitter.com/ZkBwZzuVNJ
— B/R Football (@brfootball) June 9, 2018