Соопштение на СДСМ:
Единственото политичко делување на ВМРО-ДПМНЕ се сведува на ширење лажни вести, клевети и измислување на непостоечки случаи.
Не само што нема загуби, туку за прв пат после години АД ЕЛЕМ произведува вишок на струја и од продажбата се обезбедени 8.7 милиони евра.
Тоа е уште една лекција за Христијан Мицкоски кој неуспешно раководеше со оваа компанија.
Македонија денеска произведува повеќе струја и обезбедува повеќе пари кај граѓаните како резултат на домаќинско и одговорно работење на компанијата.
Како што соопшти АД ЕЛЕМ вториот блок на РЕК Битола од синоќа е планирано надвор од функција поради превентивен зафат на една од пумпите.
Во моментов, капитални ремонтни активности се изведуваат на Блок 1 на РЕК Битола, по што ќе следуваат ремонти и на Блок 2 и на Блок 3.
Се прави се она што во минатото, кога кадри на ВМРО-ДПМНЕ како Мицкоски управуваа со компанијата не беше направено.