3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Му се јави Путин, по што, го прекина пресот и ги остави новинарите да чекаат

Владимир Черчесов не го криеше своето огромно задоволство откако руската фудбалска репрезентација имаше спекткуларно отворање на мундијалот, но наспроти позитивните зборови за играта на своите избраници, домашниот селектор изрежирал и сцена на пресот за која зборува цела Русија.

Имено, во еден момент од пресот, Черчесов ја напуштил салата откако добил повик на телефонот, а откако неколку минути ги оставил новинарите да почекаат на него, открил дека добил специјален повик кој не смеел да го пропушти и да го остави за подоцна.

– Добив повик од претседателот Путин и морав да се јавам. Ми честиташе за тоа што го сработивме и ни посака среќа за идните натпревари во групата, – објаснил Черчесов при враќањето на пресот на кој продолжил да одговара на новинарските прашања за победата од 5:0 над Саудиска Арабија.

Ова е само уште еден доказ за тоа колку Путин е внесен во Светското првенство и колку се грижи за резултатите на репрезентацијата, а не треба да заборавиме дека вчера вистински хит број еден беше неговата реакција во вип ложата откако Русија и го даде петтиот гол на Саудиска Арабија.

Извор: Дерби.мк

поврзани објави

Последни објави