4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

РЕЈТИНГОТ ИЛИ НАРОДОТ ???

Да, да токму така, едното или другото… Во денешно, па и дамнешно време ако сакате, две лубеници под едно рамо, не одат. Едната ќе падне и ќе се расцепи. И сега од страна гледано изборот за тоа кое да го одбереме за отфрлање како баласт, рејтингот (едната лубеница) или нацијата (втората) е евидентен, нели? Ама за кого. По тоа всушност се делат и политичарите (политикантите) и визионерите (ЛИДЕРИТЕ), рекол Черчил.. Едните мислат за до наредните избори, а другите за иднината на нацијата и државата.. Не е ништо чудно, нема баба роги, Просто е. Дали? Така некои, читам денеска , се препукуваат, а некои работеле за народот т.е. оние кои пропагираа(т) квази патриотизам одеднаш откако ја снемаа пропагандната машинерија, наоѓајќи се во “цајтнот“ од брзање да реагираат на нешто во моментот, забораваат дека нешто суштинско “откриваат“, нешто што не им оди во прилог.

 

СДСМ, јасно кажува: “ Предлогот на медијаторот Метју Нимиц 2005 беше далеку најдобар, т.е подобар од оној кој циркулираше пред Самитот на НАТО во Букурешт, кој го прифати Никола Груевски“… Покус не остана ни другиот. Препукувањата на “лидерите“ не е ништо ново. Не е лошо да се запрашаат истите зошто дозволија работата за решавање на повеќедеценискиот спор да се пролонгира а со самото тоа усложнува и денес да добиеме предлог кој е речиси понижувачки и кој тешко поминува и кај ониј дел од народот беше спремен да прифати сложена одредница во интерес на државата и народот.

Не е никаква тајна, има безброј докази, кои упатуваат дека единствен актуелен политичар кој упорно инсистираше на решавањето на проблемот, жртвувајќи го својот рејтинг, својот мир, партијата, симпатизерите беше истиот оној кој повторно сам 1990 говореше за македонска армија, репрезантација, валута. Истиот кој велеше СТОП ЗА АНТИКВИЗАЦИЈАТА која ќе ни створи само проблеми, истиот кој не се плашеше јавно да ги каже приоритетите и решенијата колку и да се болни. За разлика од Георгиевски, калкулантскиот однос на “лидерчињата“ кои својот рејтинг го мереа после секој “патриотски“ говор, после секоја пуштена чешма, не доведе во позиција да немаме избор, да немаме ни милиметар маневарски простор, дотерани до ѕид.

Епилог, наместо да се фалат и обвинуваат кој предлог бил подобар и кој што одбил, подобро е да се соочат со народот и да му се извинат за себичноста и краткиот видокруг, да се извинат за тоа што иднината на нацијата ја жртвуваа са себепромоција и свој е.ан рејтинг…

поврзани објави

Последни објави