Миленко Неделковски, по синоќешните протести против договорот со Грција, денеска побара од претседателот да воведе воена состојба доколку дојде до уште еден судир меѓу демонстрантите и полицијата.
Уште еден ваков чин на насилство од хунтава ќе значи дека Претседателот Иванов ќе мора да:
1. Ги активира гаранциите и да го суспендира Заев;
2. Да воведе воена состојба, да ја активира армијата чиј врховен командант е и да ја суспендира сегашнава наци-фашистичка структура.
Доколку Иванов не дојде на помош на својот народ ќе се саможртвуваме и ќе изгинеме ко на Ножот. Доколку пак Иванов застане зад својот народ и го заштити, тогаш ќе победиме ко на Херонеа“, пишува Неделковски на својот портал „Дудинка“.