6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Таки Фити: Договорот јасно ја искажува решеноста на двете држави да градат пријателство

МАНУ го разгледува договорот за добрососедство со Бугарија

Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија е договор од посебно значење.

Јасно ја искажува решеноста на двете држави да градат пријателство, заемно почитување и толеранција – вели академик Таки Фити на денешната научна конференција со Македонската и Бугарската академска фела за меѓусебната соработка со соседна Бугарија.

„Договорот е од особено значење и поради фактот што го отвара патот за нашето приближување и интегрирање во евроатланските структури, во НАТО и ЕУ. Добрите и пријателски односи со соседните земји и надминувањето на отворените прашања е битен услов за евроатланските интеграциски процеси.“ – вели Таки Фити – претседател на МАНУ.

поврзани објави

Последни објави