Покрај другите многу поважни теми, при вечерашното гостување во „Само Вистина“, премиерот Заев кажа збор – два и за она што сите ги интересираше: Зошто потребата да му се поклони вратоврска на Ципрас и која беше пораката која се испрати со тој потег.
Премиерот на ова прашање одоговори:
– На средбата во Давос бев со кравата. Тогаш моите советници ми кажаа дека Ципрас не носи кравата и јас ја извадив и мојата. Го пречекав Ципрас без крават и при првото поздравување му реков: Еве, јас те чекам без кравата, првиот чекор го направив, сега редот е на вас. Имам читано дека тој има изјавено дека нема стави вратоврска се додека не ја извади Грција од економската криза. Симболот и порака беа токму тоа. Јас ја извадив и му ја поклонив за Грција побрзо да се справи со економската криза, демек еве ако немате кравата ние ќе ви помогнеме.