Четворица вработени во министерството за економија од кои тројца од Скопје и еден од Тетово се сомничат дека издале лиценца за вршење угостителска дејност без да биде комплетирана потребната документација и без одобрение од надлежен орган. Лиценцата била издадена на правно лице од Гевгелија. Против сите четворица од страна на полицијата до основното јавно обвинителство во Гевгелија е поднесена кривична пријава поради основано сомнвеање дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
,, Пријавените во месец декември 2016 година, поточно на ден 22.12. 2016 година во службените простории на јвната установа министерство за економија како службени лица во министерството за економија наместо да го заштитат интересот на законито, совесно и правилно исполнување на службените овастувања превзеле противправни дејствија со искористување на службената положба и издале лиценца за вршење угостителска дејност на правно лице од Гевгелија без комплетна документација и одобрение од надлежен орган.,, вели Рендевска, портпарол на СВР Струмица.
Според полицијата пријавените со преземените дејствија ја искористиле службената положба спротивно на нивните овластувања , за себе или за друг прибавиле некаква корист со што нанеле штета на честа и угледот на институцијата во која работат, на буџетот на општина Гевгелија, но и на буџетот на Република Македонија.