3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Да девојко, да жено, ти си љубовта

Што е љубовта? Дали е светлината која ја гледаш во очите на твојот љубен и насмевката која ти зуе во ушите  како најубавата музика некогаш напишана за твојата душа? Дали и воопшто тоа е светлината на твојот љубен или твоите очи се толку убави што насекаде гледаат љубов?
Што е љубовта? Дали е тоа огромното срце на твојот совршен, безгрешен човек до тебе… Или сепак тоа е само твоето срце кое беспрекорно, неизвалкано силно бие само за него?!
Што е љубовта? Дали е тоа допирот на неговата прекрасна кожа која ги повикува сите можни пеперутки на планетата Земја во твојот стомак или сепак тоа се само твоите раце кои можат да ја издржат најдолгата прегратка некогаш запаметена.
Што е љубовта? Дали е издржувањето на секој негов хир, лутина, нервоза…
Ти си љубовта! Ти си насмевката кое секое утро ја будиш и покрај сите болки во твојата душа. Ти си таа што твојата силна позитивна енергија несебично ја споделуваш секој миг! Ти си таа што го наоѓаш дијаманот во кантата со ѓубре! Да, да ти си љубовта! Се почнува и завршува со тебе! Ти си таа што дава а не бара ништо за возврат… За некој ќе бидеш муза опеана во бајките, за некој ќе бидеш неговиот херој а за некој едноставно воздухот кој иако му е страшно потребен не може да го забележи дека постои…  И да сепак на крајот ти ќе го голтнеш тоа, зошто ти си љубовта, зошто ти си столбот и надежта!  ДА ДЕВОЈКО, ДА ЖЕНО, ТИ СИ ЉУБОВТА!

Автор: Плетенка
Извор: Трибуна.мк 

поврзани објави

Последни објави