15.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Мече сираче со болни изгореници на нозете успеа да го преживее големиот пожар во Колорадо (ВИДЕО)

Мече што останало сираче, со болни изгореници на нозете успеа да го преживее големиот пожар во Колорадо. Пожарникарите го виделе како талка само низ изгорената шума кај Дуранго и ги известиле службите за див свет.
Спасувачите не знаат како успеало да се раздели од мајката. Откако го погодиле со стрелки со седативи, го префрлиле во Колорадо паркови и див свет.
Таму се грижат за него, му даваат терапија и веруваат дека ќе заздрави доволно за да биде пуштено на слобода зимава.
-Кога го донесоа мечето, не бев сигурен дека ќе преживее, но реагира одлично на терапијата и до зима веруваме дека ќе може да се врати во дивината“, вели ветеринарот Мајкл Сирочман.
Повреденото мече е старо само 4 или 5 месеци и тежело само 4,5 килограми кога било спасено.
Ветеринарите го ограничија контактот со мечето за да не се навикне на луѓе, што може да му го отежне опстанокот во дивината. Кога ќе оздраве, ќе го преместат во двор со уште четири мечиња и тие заедно ќе бидат ослободени зимава. Во Калифорнија, три возрасни мечки претрпеа изгореници од трет степен во ланскиот пожар.
Веста е охрабрувачка за службите кои веќе долго време се борат против огнената стихија во услови на екстремна суша и силни ветрови.
Пожарот во кој беше повредено мечето изгоре 168 квадратни километри шума во југозападниот дел од сојузната држава, а во еден момент беа евакуирани 2.000 домови, но откако ветрот го смени правецот, на жителите им било дозволено да се вратат дома.
https://www.youtube.com/watch?v=8OACRZ2KkHg

поврзани објави

Последни објави