Од Итна медицинска помош вчера попладне било пријавено дека околу 16 часот на ул. „Благој Ѓорев“ било пронајдено тело на непознато машко лице.
-По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, а телото на починатиот било испратено во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, информираат од МВР.
Утврден е идентитетот на починатиот, се работи за З.С. (53) од Велес.