35.8 C
Skopje
Tuesday, July 1, 2025

Уапсени три лица на вчерашните протести против договорот за името во Грција

Полицијата во Атина уапси три лица кога синоќа дојде до судири помеѓу демонстрантите и полицијата против договорот за името, објави грчки весник.

Околу 30 демонстранти фрлале камења кон органите на редот, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец.

Демонстрации имаше и во Солун, каде што демонстрантите се обидоа да се соберат пред Белата кула, но беа сопрени од полицијата, по што се упатија кон плоштадот „Аристотел“, каде што имаше кратки судири со припадниците на полициските сили.

поврзани објави

     

Последни објави