3.8 C
Skopje
понеделник, февруари 2, 2026

Го судат за марихуана, тој тврди правел масло против рак

Пријатели, познаници, но и луѓе на кои им помогнал при изработката на масло од канабис за медицински цели, го испратија скопјанецот Филип Достовски на судење. Му се суди по рација во неговиот дом пред две години кога полицијата му пронашла 238 грама марихуана, масло и смола од хашиш. Достовски кој и самиот боледува од канцер, пред судот објасни дека масло од канабис правел за себе поради болеста, а помагал и на луѓе кои барале помош од него. 238 – те грама за кои полицијата и обвинителството тврдат дека се марихуана, биле коноп кој му ги дал полицаец за да направи масло за болниот син. Достовски добил признание од обвинителката дека и нејзини пријатели кои се болни користеле од маслото кој тој го прави.

„И двата канабиси ни се дадени од пациенти за да им изработиме масло. Едните од пациентите се припадници на МВР. Уште не сме ги кажале кои се. Обвинителката ми кажа на едно рочиште – не се секирај, знам сè што си правел, си правел и за мои блиски луѓе. Сега да ја прашам обвинителката дали нејзините блиски луѓе ќе се согласат со обвинението што ми го има покренато“, вели Филип Достовски, Обвинет.

Адвокатот Сашко Дуковски е убеден дека ќе докажат оти Достовски не произведувал и препродавал опојни дроги, како што тврди обвинителството.

„Се работи за див коноп којшто е во цела Македонија распространет. Конкретната марихуана или коноп е од Кочанско, а ја има и во Битолско, но и на други места“, посочи Сашко Дуковски, адвокат.

Целиот напис прочитајте го на – alsat-m.tv – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави