Судијата Осман Шабани го одложи денешното рочиште за предметот „Титаник“ отсуството на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска кој е меѓу обвинетите.
Јанкулоска со своето новороденче сè уште е во болница. Судијата и порача 45 дена да се одмори и да ужива со своето бебе, а на 16 август задолжително да се појави на судењето.
Во судот денеска се појави поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а последен дојде експретседателот на партијата Никола Груевски. Во овој случај им се суди за изборни нерегуларности и овој предмет на СЈО е најобемен и со најмногу обвинети.
Повеќе за ова прочитајте на – nezavisen.mk – ОВДЕ