3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Османи: Амбасадорот Герет имаше клучна улога за денешниот успех на Македонија

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Герет по повод завршувањето на неговиот мандат. Османи му се заблагодари на Герет за неговата, како што рече, упорност да ѝ помогне на Македонија да ја преброди длабоката политичка и институционална криза.

Османи истакна дека Герет имал една од клучните улоги за денешниот успех на државава.

Покрај стратешките цели на државата како што се ЕУ и НАТО интеграцијата, Османа посочи и на постигнатиот напредок во соработката во различни области: поддршка на реформите во македонската администрација, образованието, во правосудниот систем, демократијата и социјалната кохезија, реформи во безбедносниот систем итн. „Македонија и Велика Британија остварија соработка во голем број области, и најмалку што очекувам е оваа соработка да продолжи и во иднина, а се надевам, и да се продлабочи“, истакна Османи.

поврзани објави

Последни објави