Неретко се случува сами да се упатите на долго патување со вашиот автомобил. Некои уживаат во таквите ситуации затоа што чувствуваат поголема слобода и поголема комоција. За други, таквото патување е досадно и непријатно па често си бараат друштво за по пат. Како и да е, искуствата покажуваат дека долгите часови во автомобилот и чувството дека сте сами позади воланот предизвикува физичка и психолошка исцрпеност кај возачите. Едно истражување споведено во САД покажува дека возачите кои се сами во автомобилот помалку прават паузи, помалку одмораат за време на патувањето и согласно тоа повеќе се изложени на ризик од замор, поспаност, дефокусираност и деконцентрација и со самото тоа се повеќе изложени на ризик од предизвикување сообраќајни незгоди.
Имајќи го оваа предвид, РСБСП со совети како да ја задржите концентрацијата и како да останете безбедни и тогаш кога сте сами повеќе часови зад воланот:
• Поставете си разумни граници и разумна цел пред патувањето. Лажната самодоверба и размислувањата од типот „ можам да возам 12 часа без одмор или можам да возам 800 километри без паузи“ оставете ги на страна. Бидете реални и умерени во поставувањето на целите и очекувањата затоа што безбедното пристигнување на крајната дестинација е вашиот врвен приоритет.
• Долгото возење сам во автомобилот предизвикува физичка и психолошка исцрпеност кај возачот. Во таква ситуација, за да ја задржите фокусираноста и концентрацијата, важно е да останете позитивни и да ја искористите оваа можност да заобиколите по патот од таму каде што вас најмногу ви се допаѓа, да застанете таму каде што најмногу посакувате, да ја слушате музиката или радиостаницата која вие најмногу ја посакувате, да јадете или да одморите тогаш кога вие посакувате. Бидете позитивни и активни и на тој начин ќе останете концентрирани, енергични и ќе чувствувате помалку замор. Едноставно дадете му поголема содржина на вашето патување.
• Планирајте и организирајте го патувањето. Со оглед на тоа дека сте сами во автомобилот, тоа значи и одлична можност да го организирате патувањето тогаш кога вам најмногу ви одговара, односно да патувате тогаш кога сте подготвени, одморени, кога ви се завршени сите обврски, кога ви е завршена техничка проверка на возилото, итн. Утврдете распоред на активности кој вам ви одговара и едноставно следете го.