Собраниската комисија го усвои предлог – законот за пратениците, со кои се предвидува намалување на патните трошоци.
Едногласно се усвоени измените на законот за пратениците, односно за намалување на патните трошоци на народните избраници. Со ова тие наместо со надоместок од 30 % од продажната цена од еден литар гориво според изминат километар сега пратениците ќе добиаат надомест до висина од 20 %.
Ваквата одлука доаѓа по лавината од реакции, коментари и критики до пратениците за нивното луксузирање.
Дали ова е навистина олеснување на буџетот како и помали трошоци од буџетот на граѓаните за патни трошоци, ќе покаже времето.