13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Еве што напиша Петар Колев пред 8 месеци, како да е пишувано денеска

Ви пренесуваме статус на претседателот на партијата Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев напишан на 24 ноември 2017 г. Истиот како да е напишан за денешните случувања во Македонија.

„Чудно време дојде и кај нас во опечелена Македонија? Заеднички владини седници, цвекиња и венци, поклон пред великанот Борис Трајковски, заедно кај дедо Наум, црквата мајка и црквата ќерка, ќе не признаат ли нема ли да не признаат, договори во сите области, пијте си кафе не се замарајте со историја…ај мајката, гледам, слушам и не можам да поверувам. Запнавме и се фативме и името ќе го решиме, ама само уште малку.

И одеднаш Хан ни се појави и ни вика дечки до кај сте со реформите? Оној планот 3-6-9 нешто како да ви касни? Вика овој Хан комесарот за проширување на ЕУ, освен надворешна имало и внатрешна политика. Пу мајката ние ова го пропуштивме друже Хан.

Ние мислевме само да си се избацуваме со Борисов и Ципрас, да ви кажеме дека многу ве сакаме и оп членки на ЕУ и НАТО. А вие ни се лутите зошто давал судот наш повеќе затвор за украдени кило ќебапи и за тегнење за коса, одколку за уништување на техника за прислушкување и незаконско прислушкување на илјадници граѓани или пак недај боже 5-6 шамари на градоначалник, ќе си поминеш со условна. Па се лути и овој Прибе, како можело да не мрдне и милиметар реформата во судството, па што правиме со ПРАВНАТА ДРЖАВА….леле мале, па ова било сериозно, а не цмок,цмок систем.

И сега таман си ја качивме акцизата за гориво, си го зголемивме буџетот со над 300 милиони евричи кои ќе си ги земеме преку даноци и други давачки од граѓаните, си ги зголемивме трошоците за патување на пратениците и ќе си купуваме нови автомобили за парламентот, вие реформи па реформи.. Па не ли е малку што ја укинавме радиодифузната, па другарот Рашковски им објасни убаво на граѓаните како да си ги сметаат платите и приходите и Фрчко го ангажиравме за милион и четвртата негова реформа во правниот систем. Се разбира втора по сериозност, после неговата реформа во МВР,со која воведе коњаница во полициата, се надевам граѓаните не ги заборавиле коњите ФРЧКО 1, 2 И 3!?. И овие од ММФ и Светска банка стварно претеруваат. Па ние може и да сме го изпразнили пензискиот фонд, ама малку.

Овие од опозицијата пак не смеат и да прашаат за внатрешните реформи во правниот систем и до кај сме со правдата за сите оти стапот гледа кон нив. Дури и оставка на министерот за внатрешни Спасовски не смеат да побараат зошто може да дојде некое по ербап момче и да не им дава да бегаат како што избегаа Горан Грујевски и Никола Бошковски или таму како се викаа на она фалсификат бугарските пасоши.

Е моја мила опечелена Македонија“

 

Чудно време дојде и кај нас во опечелена Македонија? Заеднички владини седници, цвекиња и венци, поклон пред великанот…

Posted by Petar Kolev on Friday, November 24, 2017

поврзани објави

Последни објави