16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Кривични пријави за велепредавство против премиерот

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против премиерот Зоран Заев, министерот Никола Димитров, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и против сите пратеници кои гласаа за законот за ратификација на договорот со Грција. Пријавите се за велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба.

-Како што е веќе познато, самиот чин на договорањето и носењето на законот е спротивно на Уставот. Очекуваме Јавното обвинителство и судскиот систем да работат професионално и да ги процесуираат пријавите. Ова се дела кои не застаруваат кога тогаш мора да се сноси одговорноста, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

поврзани објави

Последни објави